Иако Леонардо Ди Каприо (38) е еден од најпознатите холивудски актери, тој смета дека „славата е празна и нема поента“, објаснувајќи дека сака да го користи својот статус и богатство со цел да им помага на оние на кои им е потребно.
Овој актер преферира да го инвестира своето време и богатство кое изнесува околу 200 милиони долари во хуманирани активности.
„Парите кои ги заработувам ми овозможуваат да се впуштам во проекти за кои сум заинтересиран и да им помогнам на оние на кои им е потребна помош. Ова последново е најдобрата работа што можеш да ја направиш кога си богат. Со тек на време ќе научите дека славата е празна и дека нема поента, изјавил актерот.
Тој изјави уште дека нема своја јахта, приватен авион, бидејќи сака својот капитал да го вложи во нешто продуктивно.