Никој не може да негира дека при секое појавување во јавноста Џенифер Лопез успева да делува како магнет за присутните како и за објективите на фотографите.
Тоа се потврди за време на добротворниот настан “Chime For Change: The Sound Of Change Live”, каде Џенифер присуствуваше заедно со својот дечко Каспер Смарт.
Таа избрала кожен аутфит во два дела од годинешната колекција на Гучи, а имено здолниште тип молив и сако со пеплум детаљ, под кој се наѕира нежен чипкаст акцент.