Докажале дека сексот е подобар од лековите против главоболка!

popara5 март, 20131min00
666

Сексот е подобар од лековите наменети за лечење главоболка, тврдат германски експерти, истакнувајќи дека сексот потикнува лачење на ендорфин, природен телесен аналгетик кој делувајќи на централниот нервен систем, ја намалува или целосно елиминира болката.

„Наместо да ја користите мигрената како причина да одбиете секс, би било подобро да се препуштите на љубовната игра која може да биде многу поефикасно средство против главоболка од аналгетиците“, се вели во студијата „Влијанието на сексот на идеопатските главоболки“, објавена во списанието Cefalagia.

Истражувањето покажало дека кај 80% од пациентите сексот драстично ги намалил болките предизвикани од мигрена, а дека кај секој петти болката сосема исчезнала.

Студијата опфатила над 500 души кои страдале од мигрена или обична главоболка и се покажало дека и двете групи се чувствувале многу подобро после секс, во споредба со медикаментозниот третман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag