Домашен Еурокрем
12 декември, 20130
Состојки:
150 мл вода
300 гр шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
200 гр путер
200 гр млеко во прав
100 гр чоколада
100 гр бела чоколада
Подготовка:
Во подлабок сад ставете вода, шеќер и ванилин шеќер.
Смесата се загрева се додека шеќерот не се стопи.
Се додава бела чоколада и се меша се додека не се стопи.
Штом проврие, смесата се трга од оган и се остава на страна да се олади.
Во смесата се додава путерот и млекото во прав.
Добро измешајте и поделте ја смесата на два дела.
На пареа се топи чоколадата и се додава во едниот дел, а другиот си останува бел.
Исипете ги двата дела во тегла паралелно.