Домашни баунти топчиња

25 февруари, 20130
bounty

Потребни состојки:

  • 1 чаша кокосово брашно
  • ¼ чаша мед
  • 2 лажици кокосово масло (или путер, стопен)
  • малку сол
  • 1 лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Сите состојки помешајте ги (може и во блендер) или рачно. Важно е се еднакво да се соедини. Смесата ставете ја во фрижидер на неколку часа. Кога смесата убаво ќе отстои, обликувајте топчиња. Вратете ги во фрижидер да не омекнат на собна температура. Во меѓувреме стопете чоколадо со додаток на путер или масло на пареа. Натопете ги едно по едно топчињата и оставете чоколадото да се стегне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi