Пилотите Мурат Актумер и неговиот копилот Мурат Агка, кои работат за “Turkish Airlines” беа киднапирани во Либан, во близина на интернационалниот аеродром на Бејрут.
Пилотите беа киднапирани од автобус кој носел неколку други членови на екипажот и патници, од хотел до аеродромскиот терминал.
Никој не превземал одговорност за инцидентот, но се верува дека е поврзано со конфликтот во Сирија.
Турција ги подржува сиријските сунитски бунтовници, додека поголемиот дел од шиите во Либан го подржуват режимот на Асад.
Според ливанскиот министер за внатрешни работи, Марван Чарбел, инцидентот се случил околу 3 часот по полноќ. Во инцидентот биле вклучени најмалку 4 вооружени лица.
“Засега не е познато кој го сторил или пак кои се причините за киднапирањето”, изјави за “Reuters” турскиот министер за надворешни работи, Левент Гумруку.
Во моментот, голем број единици се присутни во околината на киднапирањето и делови од патот се затворени.