Двојникот на Обама заработува 1.100 долари од појавување

popara15 јануари, 20131min00
dvojnik

Наставникот Лари Грејвс, висок човек кој има обезбедување, клемпави уши и значка со американското знаме, толку многу потсетува на американскиот претседател што дополнителна заработка остварува како негов двојник на разни настани и забави.

Уште нешто им е заедничко –двајцата се многу зафатени.

– Барак Обама е угледен човек. Луѓето го сакаат на забавите, изјавил Грејвс.

Лари Грејвс од Монтгомери Вилиџ сфатил дека има многу сличности со сенаторот од сојузната американска држва уште за време на предизборната кампања во 2008 година. Испратил своја фотографија на компанијата за менаџмет „Cast of Thousands“ и од тогаш, освен како наставник по ликовно, заработува и глумејќи го американскиот претседател.

Според зборовите на менаџерот на овој двојник на Обама, компаниите плаќаат и до 1.100 долари за гостување. Грејвс околу инаугурацијата во просек има две до три понуди неделно, а неговите подготовки многу се детални, од облекувањето одела со значка – тој се шминка, ги потемнува веѓите и устата, става вештачка бемка на носот и дури додава малку бела боја на косата.

Грејвс истакнува дека не е имитатор, туку само двојник, иако се обидува и да ги имитира движењата и говорот на американскот претседател.

Грејвс, кој во недела ќе наполни 58 години, ужива во неговата работа.

– Мило ми е што се наоѓам во оваа земја, мило ми е што сум Американец. И можноста тоа на некој мал начин да им го пренесам на луѓето, мене ми е навистина чест. Забавно е, но и е чест, рече Лари.

Двојникот се уште не се сретнал со вистинскиот Обама, но рече дека ако тоа се случи би сакал еден кошаркарски дуел „еден на еден“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag