
Набрзо откако објави кратка најава Џастин Тимберлејк го претстави и промотивниот сингл за следниот албум “Take Back The Night“.
И додека Џастин се обидува да го надохнади пропуштеното (последниот албум пред овогодинешниот беше “FutureSex/LoveSounds“ од 2006 година ), критичарите се фокусираа на неговиот нов сингл тврдејќи дека во прашање е плагијат на песната “Wanna Be Startin’ Something“ од Мајкл Џексон од 1983 година. Како доказ за тоа наведуваат дека има многу слична “бас линија и специфичен фалсето вокал“.
Но и покрај тоа сигурни сме дека на Џастин не му бега уште еден хит, а колку е сличен со песната на Џексон и дали ви се допаѓа, можете да проверите сега: