Изгледа дека пејачката Џенифер Лопез има ниска самодоверба, бидејќи за време на аудицијата за филмот “The 33“ барала улогите да не се доделуваат на актерки кои биле поубави од неа.
Без оглед на нивните актерски способности, Џеј Ло не сакала да биде на втор план па на аудицијата барала да ги одбијат кандидатките кои биле поатрактивни од неа.
Изворот кој присуствувал на аудицијата рекол дека Џенифер била многу незгодна.
“Беше невозможна. Бараше од нас да ги одбиеме актерките кои беа убави и атрактивни, за на крај и сама да се откаже од филмот“.
Џенифер во моментов е во врска со Каспер Смарт кој е 18 години помлад од неа.