
Неверојатно морско чудовиште кое наликува на огромен флуоресцентен црв е забележано во водите на Австралија. Ова суштество ретко се среќава и затоа го нарекуваат морски еднорог.
Латинскиот назив на морското чудовиште е Pirostrema spinosum. Тоа е провидно, внатре шупливо суштество со цилиндрично тело кое достигнува и до 30 метри должина. Црвот се храни со планктони.
Џинот живее во отворено море, а не покрај копно, па затоа и многу ретко се среќава. Погледнете како изгледа морскиот еднорог: