Според последните гласини Џорџ Клуни се обидел да стапи во контакт со Ева Лонгорија во март годинава, но таа не била заинтересирана. Во тоа време 52 годишниот актер сеуште се водеше дека е во врска со Стејси Киблар.
Ева и Џорџ се сретнале пролетта во Берлин и тој започнал активно да и се додворува но таа го пресекла со зборовите дека нема да му посвети ни трошка внимание се додека не добие официјален статус “сингл“.
Џорџ и Стејси наскоро се разделија, но последниве месеци Ева ја најде љубовта во лицето на ријалити ѕвездата Ернесто Аргуело. Наскоро таа објави дека е многу среќна со новиот маж во нејзиниот живот. Од своја страна Стејси изјави дека воопшто не страда поради разделбата со Клуни, бидејќи немале секс со месеци.