Една мајка сака да ги предупреди родителите: Мојата ќерка во еден момент беше здрава и насмеана, а потоа почина…

popara10 октомври, 201318min00
12

Една мајка одлучила да го отвори своето срце и да раскаже за трагедијата што и се случила. Иако сеуште е во жалост, сака другите родители да ги предупреди на опасноста што може да биде фатална за нивното дете…

Мајката на 17 месечното бебе кое починало откако околу вратот му се замотало јаже од ролетна, раскажува за својата трагедија.

Аманда Халоран го опишала моментот во кој се обидела да ја оживее својата ќерка Софија откако го открила нејзиното безживотно тело.

Раскажува како нејзината ќерка буквално се обесила додека си играла во нивната семејна куќа, откако била оставена сама само 4 минути!!!

Софија гледаше Пепа прасе, што воедно и беше омилен цртан филм. Се качив на горниот кат, морав да одам во тоалет и да земам алишта за да ја преоблечам. Кога слегов долу, не можев да ја видам и се вознемирив. Тогаш видов како виси на јажето од ролетната. Замрзнав. Се затрчав кон неа иако нозете ми се пресекоа, вриштев и се обидував да ја оживеам. Таа ми беше во рацете, жива и насмеана, само пред 4 минути…

Учев прва помош, но никогаш не мислев дека ќе ја применам на мојата ќерка. Повикав брза помош и тие ја однесоа во болница.

Но ништо не можеа да сторат, беше морбидно, беше ужасно, страшно! Мојата малечка само неколку минути претходно беше среќно, здраво дете. Полно со живот, а сега мртво.

Аманда и нејзиниот партнер Крис Парслоу ја раскажале оваа потресна приказна и започнале кампања за да се забранат опасните јажина од ролетните. Како и да е, ние ги разбираме зошто.

Софија почина на 27 јуни…

Јажињата од ролетните биле во куќата откако парот се преселил таму 18 месеци претходно. Скриени меѓу завесите, на никого не му направиле впечаток, дека еден ден можат да бидат фатално опасни…

2sophia2