Кожата на рацете е исклучително нежна и чувствителна и бара долгогодишна нега. Затоа денеска решивме да споделиме со вас една природна рецепта за домашен крем за раце со арома на лаванда.
Потрбно ви е:
* 1/3 чаша бадемово масло
*2 лажици кокосово масло
* 2 лажици маслиново масло
* 3 лажици пчелин восок
* 30-35 капки етерично масло од лаванда
Начин на приготвување:
Во еден мал сад, ставете ги маслата и загрејте ги на неколку минути. Отстранете ја смесата од огнот и додадете го пчелиниот восок и мешајте до негово целосно растворање.
Кремастата текстура ставете ја во фрижидер околу 10 минути. Откако ќе се олади, додадете го и маслото од лаванда. Почекајте кремот да се олади и ставете го во соодветна кутија или сад.
Ако сакате да постигнете поголема густина на кремот, ставете уште една лажица од пчелиниот восок. Производот може да го чувате на собна температура.