Ексклузивно: Што кажа Сноуден кодошот на пресот во Москва?! Читај Попара

popara12 јули, 20131min00
6

“Здраво, моето име е Ед Сноуден. Пред околу месец дена имав семејство, дом од соништата и комфорен живот. Исто така имав способност без никаков налог да ја набљудувам и следам вашата комуникација, сечија комуникација, во било кој дел од деноноќието. Тоа е моќ што менува човечки судбини.

Тоа исто така е и сериозно кршење на законот, 4ти и 5ти амандман од Уставот на мојата земја, 12 член од Универзалната декларација за човековите права и бројни статуси и договори кои забрануваат вакво систематско прилушкување. Додека со американскиот Устав ваквите програми се означени како илегални, мојата влада смета дека тајните судски пресуди кои не се достапни за широката народна маса, на некој начин ја легитимираат незаконската афера. Верувам во принципот деклариран во Нирнберг 1945 година: Индивидите имаат интернационална должност која ги пречекорува националните обврски и послушноста. Според тоа поединците имаат обврска да ги кршат домашните закони со цел да спречат злочин против мирот и човештвото.

Со оглед на тоа го направив она што сметав дека е правилно и отпочнав кампања за да го сменам она што е погрешно. Целта не ми беше да се збогатам, како што не барав ни да ги продадам американските тајни. Не направив договор ни со една странска држава за да се заштитам себе си. Наместо тоа ја информирав јавноста за се што знам за да можеме сите јавно да дебатираме за она што влијае на нас и барав светска правда.

Таа морална одлука да се излезе во јавноста со податоци за масовна шпиунажа секако многу ме чинеше, но тоа беше она вистинското, и не жалам за ништо. Јас поради тоа останав без државјанство и протеран сум поради актот на политичко изразување.

Земјите кои би застанале зад мене и зад правата на азилантите ќе се соочат со санкции. Владата на САД дури направи и чекор без преседан и приземји авион на претседател од Латинска Америка барајќи скриен политички азилант. Оваа опасна ескалација освен што претставува закана за достоинството на Латинска Америка, туку ги загрозува и основните човекови права, па и нации, да живеат слободно.

Сепак, и покрај оваа невидена агресија, земјите ширум светот ми понудија подршка и азил. Тие земји, вклучувајќи ги Русија, Венецуела, Боливија, Никарагва и Еквадор ја имаат мојата благодарност и почит што беа првите кои застанаа во одбрана на човековите права. Со одбивањето да се откажат од своите принципи пред заплашувањето тие ја добија почитта од целиот свет. Мојата намера е да патувам во секоја од овие земји, со цел да изразам благодарност на нивниот народ и нивните лидери.

Јас денес објавив формално прифаќање на сите понудени покани за азил кои ги добив и кои ќе ги добијам во иднина. Како што видовме некои влади во Западна Европа и Северна Америка демонстрираа подготвеност да бидт над законот и таквото однесување е присутно и денес. Оваа незаконска закана ми оневозможува да патувам во Латинска Америка и да го искористам азилот кој таму го добив во согласност со нашите заеднички права.

Оваа подготвеност на моќните држави да играат над законот претставува опасност за сите нас и не смее да се дозволи да успеат во тоа. Според тоа ве молам за помош при упатување барање за гаранција за сигурен премин низ земјите, со што би се овозможил мојот лет кон Латинска Америка, а исто така и моето барање за азил во Русија денес, се додека овие земји не се согласат со законот и моето легално патување не биде дозволено. Јас ќе го испратам моето барање до Русија денес и се надевам на позитивен одговор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma