Елон Маск го покажа најбрзиот транспортен систем “Hyperloop”

popara14 август, 20131min00
heres-a-render-of-the-transport-capsule

Елон Маск, основачот на “SpaceX” и “Tesla Motors” го претстави својот концепт за брз и ефтин јавен транспорт, наречен “Hyperloop”. Тој го објави концептот на својот блог, кој е напишан на 57 страни во “PDF” формат. (Притиснете тука за да го преземете “PDF”-от).heres-a-render-of-the-transport-capsule

Овие “возила” би можеле да пренесуваат околу 840 патници на час од Лос Анџелес до Сан Франциско и обратно. Би достигнало брзина од околу 800 милји на час, а патниците ќе стигнат од едниот до другиот град за 30 минути.

Капсулите би се “возеле” во туби во кои има многу мал притисок и ќе ја користи енергијата креирана од соларните панели на тубите. Патниците ќе можат со себе да носат 2 торби до одредена тежина, а Маск даде предлог да се креира и капсула која ќе може да пренесува автомобили.screen shot 2013-08-12 at 5.54.32 pm

Концептот го смислил откако бил разочаран од прифатениот предлог за брзиот воз кој треба да се изгради на истата дестинација. Проектот за возот чини од 70-100 милијарди долари, додека проектот за “Hyperloop” би чинел околу 7.5 милијарди долари.

Тој се надева дека ќе може да го изгради првиот прототип, но изјави дека е зафатен со веќе постоечките проекти за да го посвети своето внимание на овој проект.

За повеќе информации, превземете го целиот текст, каде Маск ги опишува сите детали, вклучувајќи ги потенцијалните проблеми, цената на сите делови и идни модели.

hyperloop-4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag