Славниот режисер Емир Костурица изјавил денес дека албанците ги прогласиле сите срби како непожелни на Косово и Метохија, па затоа воопшто не го изненадило тоа што и него го ставиле во ист кош.
„Нивниот став да ме прогласат за непожелна личност се прифаќа! Бидејќи сите срби веќе се прогласени за непожелни и откако ни ги срушија гробиштата и нашите споменици, сега не известија и дека не треба да доаѓаме. Но тоа не е ништо ново!“, изјавил Костурица.
Претседателот на косовското здружение на филмски уметници, Љирак Чељај бара Костурица да се прогласи за непожелна личност поради најавата дека ќе снима филм за трговијата со органи на Косово.
Тој смета дека ова претставува „продолжение на анти – албанската пропаганда“.
Костурица претходно најави дека ќе снима филм за трговијата со човечки органи, велејќи дека е една од најзначајните теми на денешницата и најбрутален акт како и симптом за враќање кон паганската доба.