Есен во розово

popara29 август, 20131min00
13

Покрај темно сината, белата и црната, оваа есен ќе биде обележана и со нијансите на розовата боја. Таа доаѓа како одговор на моделите инспирирани од машката облека и милитари стилот. Модните куќи Селин, Малбери и Карвен на розовота боја и посветија значителен дел од своите колекции наменети за есен/зима 2013/14 година, додека Шанел ја инфилтрираше оваа боја во моделите со машки крој.

Која нијанса ќе ја изберете зависи од вашиот вкус, а изборот оди од најсветлата бебешка розе до јака циклама и фуксија. Од парчињата најдобро е да изберете пинк капут или кардиган кои ќе направат одличен контраст со тренди чизми и кожено здолниште тип молив.

Пинк нијансите ќе ви донесат доза женственост и гламур, но и ќе ви одземат по некоја година. Комбинирајте со сива и црна, но и со актуелните дезени.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag