
Шангај е град кој се развива со брзина на светлината. Прочуената населба Пудонг во минатите неколку декади од трошни и ниски згради прерасна во футуристички урбан центар.
Колку градот се менувал низ времето сведочат и фотографиите од пред 26 години каде нема ни најмал знак за денешната панорама.
После две децении на местото на ниските згради и зелените површини се наоѓаат високи облакодери и секој е поимпресивен од претходниот. Високите згради кои го параат небото изгледаат импозантно, а градот денес е еден од најмодерните во светот.
Со завидна висина од 632 метри од Кулата Шангај е повисока само Бурж Калифа во Дубаи.

http://www.youtube.com/watch?v=6dDmNgcuec4