
Голем број луѓе беа уапсени во Шпанија и Франција во полициска акција која таргетираше организиран криминал на шверцување луѓе од кинеско потекло во Европа и САД.
Шпанската полиција изјави во саботата дека 51 луѓе беа уапсени во Шпанија, а други 24 во Франција, по две-годишната заедничка акција. Босовите на операцијата беа уапсени во Барселона.
Шпанскиот министер за внатрешни работи изјави дека групата наплаќала до 66.700 американски долари за да транспортира луѓе со кинеско и малазиско потекло во САД, Британија, Шпанија, Франција, Грција, Италија и Турција. Некои од луѓето кои биле транспортирани завршиле во трговијата со бело робје.
Центар на операциите бил аеродромот во Барселона. Тој се користел како локација на која луѓето добивале лажни документи пред да пристигнат на својата крајна локација.
Пронајдени се 81 лажни пасоши од Јужна Кореа, Тајван, Малазија и Јапан, како и лажни печати за имиграција, кинески и европски валути и разни оружја.
