Фејсбук го враќа ударот! За еден ден Цукенберг заработи 4 милиарди!

popara1 август, 20131min00
11

Марк Цукенберг имаше одлична седмица. Прво се објавени резултатите кои покажаа дека Фејсбук заработува многу повеќе од очекуваното. Растот на Фејсбук акциите овозможија Цукенберг за еден ден да стане побогат за 4 милиарди.

Денес акциите на Фејсбук чинат 38 долари што е еднакво на понудата на истите од 2012 година.

Што се однесува на другите вести, Блумберг јавува дека Фејсбук планира продажба на видео огласи чија цена ќе биде 2,5 милиони дневно.

Тоа би било првиот чекор или влез на пазарот на ТВ медиумите, односно на тој начин би можеле стандардните ТВ медиуми да бидат привлечени на интернет.

Огласите ќе траат 15 секунди, а целта се 100 милиони корисници кои во ударните термини ќе бидат логирани на Фејсбук.