Фејсбук не прави несреќни, покажа најновото истражување. Според студијата која е правена на Универзитетот во Мичиген, луѓето кои поминуваат доста време во текот на денот на Фејсбук чувствуваат незадоволство од сопствениот живот.
Меѓутоа научниците имаат објаснување за овој проблем. Станува збор за несреќа и депресија предизвикана од сликите на среќните парови, патувања, настани и успеси во кариерата и животот на другите луѓе.
Гледањето на сите тие навидум среќни луѓе кај корисниците предизвикува завист, споредување, сожалување и незадоволство од сопствениот живот. Истражувањето траело две недели каде се споредувале реакциите на луѓето кои во тој период виселе на Фејсбук со оние кои имале да прават некои попаметни работи во животот.
Доколку ви е преку глава од Фејсбук потрудете се што повеќе време да поминувате надвор од дома, со реални пријатели, бидејќи клучот на среќата лежи во живиот контакт, а не во виртуелната забава.