Доколку живеете во Беверли Хилс, поседувањето на Бентли, е нормална работа за вас, со оглед на тоа дека различни модели на овој слободно можеме да кажеме, статусен симбол, се паркирани на секој агол. Но за оние кои покрај овој, ионака луксузен автомобил, би сакале нешто поексклузивно, O’Gara Coach kompanijata so sedište vo Beverli Hils е идеален избор.
Тоа е компанија која се занимава со производство на луксузни автомобили по желба на купувачите. Тие неодамна го представија феноменалниот Bentley Continental GTC V8. Овој модел се издвојува од другите по тифани плавата боја и персонализирана плоча на која е напишано “ Beverly Hills Limited Edition” ( Беверли Хилс ограничена серија), и секако феноменалната елегантна внатрешност.