
Ferrari 250 GTO од 1963 година стана најскапиот автомобил во светот, бидејќи од неговиот сопственик, колекционерот Пол Папалардо, го откупило неименувано лице за 52 милиони евра.
Рекордниот Ferrari 250 GTO со број на шасија 5111 од далечната 1963-та, победил во трката “Tour de France”, а возач бил французинот Жан Гише, пренесува електронскиот магазин “Ауто Ексклузив“.
Претходниот најскапо продаден автомобил бил исто така Ferrari 250 GTO но од 1962 година, кој бил во сопственост на Стиелинг Мош, а минатата година достигна цена од 35 милиони долари, што е знак за голем скок на цената на тој модел.
httpv://www.youtube.com/watch?v=JhTp5vaSHpQ