
Сопствениците на компанијата Стефан Сагмајстер и Џесика Волш во моментот кога се ребрендирала фирмата одлучиле на вработените да им испратат мејл каде најавуваат дека новата ера ќе ја одбележат со голи фотографии од сите вработени.
“Sagmeister & Walsh“ е американска дизајнерска фирма која се бави со креирање на идентитет, реклами, веб страни, апликации, филмови, книги и објекти за клиенти.
Вработените во компанијата исто така сакаат да се сликаат голи, а причината што на фотографиите позирале голи во тој стил – како што самите изјавуваат – е одлична и креативна идеја што уште повеќе ги зближува колегите.
Иначе “Sagmeister & Walsh” е фирма која соработува со клиенти како што се ”Levi’s”, BMW и HBO.

