Кризата го тресе целиот свет па и угостителите кои се обидуваат да привлечат внимание и муштерии со помош на разни трикови. Нов хит во светот се „Breastaurants“ односно ресторани каде ве посложуваат разголени и надарени келнерки.
Голотијата продава се, па во случајов и храна. Првиот ланец ресторани кој своите муштерии уште во 1983 почна да ги привлекува на ваков начин е Hooters. Во овие ресторани храната е на втор план бидејќи поголемиот дел од времето ќе ви помине гледајќи во длабокото деколте на келнерките наместо во чинијата пред вас.
Со оглед на тоа дека овој популарен ланец годишно заработува над милијарда долари, не е чудно што примерот го следи и конкуренцијата, па денес ширум светот има голем број ресторани каде згодните и разголени девојки се главната атракција во ресторанот.