Една од најпознатите старлети на овие простори, Станија Добројевиќ, која се прослави со промовирање на своите бујни силиконски гради и цврстиот задник, неодамна направи невиден гаф, и на социјалните мрежи постави слика на совршен задник за кој се покажа дека всушност не е нејзиниот, туку припаѓа на мускулестата фитнес инструкторка Кристина од Ниш.
Старлетата не претпоставувала дека инструкторката ќе го препознае својот ценет задник и нејзиниот обид да се закити со туѓи перја на Фејсбук ќе се разоткрие.
“Задникот е моја сопственост и на мојата сопруга Кристина. Немаме ништо против што Станија е воодушевена со резултатите од нашите тренизи и принципи. Ќе ни биде задоволство да и помогнеме на Станија да заслужи еден ваков задник“, изјавил сопругот на преубавата инструкторка, Немања Крстиќ.
Станија сваќајки дека се избрукала, веднаш ја повлекла сликата од интернет, но без резултати, бидејќи сепак постои доказ за тоа дека таа се фали со туѓ задник, претставувајќи го како свој.
Кристина Крстиќ