
Џери Ендру Актив (24) од Алјаска ги убил сопружниците Тач Чиј (71) и Сорн Срип (73), а нивната 2 годишна внука ја силовал, како и бабата пред да ги усмрти.
Тач и неговата сопруга Сорн живееле заедно со нивната внука и нејзиниот маж, како и нивните деца – момче од 4 години и 2 годишно девојче. Младиот пар таа кобна вечер излегува во кино со синот, а ќерката ја оставиле дома. Кога се вратиле вечерта ги затекнале Тач и Сорн како лежат мртви во локва крв, а во собата на нивната ќерка налетале на скроз гол маж, додека облеката од девојчето била испрскана со крв. После кратка борба злосторникот успеал да побегне од куќата, но полицијата набрзо го лоцирала.
Настанот се одвивал во најголемиот град во Аљаска, Енкориџ и се вели дека вакво брутално убиство не се памети.
