Го скршил черепот на бебето за да не го вознемирува додека спие!

popara12 јули, 20131min00
3

Хулијан Гарза од Тексас изјавил пред полицијата дека се изнервирал што не може да спие поради плачот на бебето, па затоа нагло го подигнал во воздух, а бебето во тој момент удрило со главата во рамката од прозорот. Но полицијата верува дека со бебето е постапено посурово.

Гарза го чувал малото момче, а кога мајка му се вратила дома забележала дека нешто не е во ред со бебето. Лекарите покасно утврдиле дека бебето преживеало тешка фрактура на черепот која била нанесена додека Гарза го чувал.

Според обвинението Гарза бил свесен дека детето е повредено, но не пријавил за тоа никаде бидејќи се плашел да не западне во непријатности. Лекарите пак изјавиле дека описот што го дал истиот во однос на повредата не се поклопува со природата на повредата што бебето ја доживеало и дека веројатно со бебето е постапено на многу побрутален начин.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=oRuKIMpEQQE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma