Тешкиот емотивен период после болеста и смртта на сопругот Игор Рамовиќ се одрази и на финансиската ситуација на пејачката Гога Секулиќ, која е принудена само пет песеци пауза, колку што помина откако бизнисменот се разболе, да настапува за да заработува за живот.
Пејачката, откако свекрвата ја избрка од станот во кој живееше со покојниот сопруг, поради тешката финансиска состојба морала да почне да работи, за да може да ги отплати долговите и за себе да обезбеди пристоен живот. Нејзиниот прв настап ќе биде вечерва во еден загребачки клуб, а наскоро ќе почне да настапува во Црна Гора.