Гога Секулиќ и нејзиниот избраник, бизнисменот Игор Рамовиќ судбоносното „да“ ќе го изговорат на 12ти мај во белградскиот Хајат. Во изворот се вели дека кумови на свадбата ќе бидат Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот златар Небојша Бојовиќ.
Игор Рамовиќ има 39 години и веќе две децении живее во Лондон каде поседува бројни фирми и клубови. Се дружи со голем дел од светскиот џет сет, меѓу кои Наоми Кембел, Гај Ричи, принцот Вилијам, Парис Хилтон…Иначе бизнис партнер на идниот сопруг на пејачката е светски познатиот бизнисмен Ерик Принц со кој Рамовиќ соработува со нафтени деривати.