Фудбалерот Фулама Пајтим Касами постигна неверојатно добар погодок во победата 4:1 против Кристал Палас во Премиер лигата.
Швајцарскиот фудбалер со албанско потекло во 20-та минута донесе изедначување за својот тим со гол кој неодоливо потсетува на прочуениот гол на Марк Ван Бастен против Советскиот Сојуз во финалето на Европското првенство во 1988 година.
Веднаш после мечот тренерот Мартин Јол го спореди голот на Касами со оној што го постигна неговиот сонародник.
“Можеби е подобар и од Ван Бастен бидејќи изведбата бара повеќе техника, Касами прво прими комплицирана топка, мораше да погледне при тоа и каде е голманот“, изјавил Јол.
httpv://www.youtube.com/watch?v=iAFu0Rp7BAU