До овој момент Аманда Сејфрид беше една од новите холивудски ѕвезди за кои можеше да се каже дека се чисти како момина солза.
Но со својата последна постапка таа стави крст на нејзиното невино издание и ги отвори вратите на нејзината темна страна. Тоа се случи во името на долгоочекуваната биографска лента Lovelace.
Во филмот Аманда ја толкува порно актерката Линда Ловлејс, а режисер на лентата е Роб Епстејн. Тој е првиот кој го екранизира драматичниот живот на ѕвездата од филмот “Длабоко грло“.