Палестинскиот хакер под псевдонимот “Khalil”, открил маана во безбедноста на Фејсбук. Иако тој ја пријавил на тимот за безбедност, немало никаква реакција.
Имено, тој пронашол дека корисник може да објави нешто на туѓ ѕид, без да биде поврзан со личноста или страната. За да го добие вниманието на тимот, тој напишал пост на ѕидот на Зукерберг(иако тој, по правило не треба да ја имаа таа можност), во кој тој објаснува каква е таа “дупка” во безбедноста.
Тоа секако го привлекло вниманието на тимот и тие одма ја поправиле грешката во безбедноста. Тимот подоцна во изјава на форум, ја напиша причината за “игнорирањето на пријавата. Имено, неразбирливиот јазик на хакерот било една од најголемите причини за ненавременото реагирање на тимот, но и големиот број на пријави. Фејсбук исто така има и програма “Big Bounty” во која им плаќа на хакерите кои ќе пријават “дупка” во безбедносниот систем на веб страната.
Сепак, тимот се извини за касната реакција и изјави дека требале навремено да побараат подетални информации.