Познатата турска актерка Селма Ергеч и звездата од филмовите “Господар на прстените“ и “Пирати од Карибите“, Орландо Блум најпрво заедно снимиле реклама, а потоа и се фотографирале за насловната страна на турскиот “Ел“. Во меѓувреме изгледа се појавиле и искри.
Како што известуваат странските медиуми, Орландо на прашањето да прокементира за заедничката работа со актерката која Балканот го освои со улогата Хатиџе во серијата “Сулејман Величенствениот“, изјавил:
– Кога видов како глуми, сватив за каква импресивна жена се работи.
Погледнете ја рекламата за сладолед која во Турција предизвика голем интерес:
http://www.youtube.com/watch?v=nDWMm-KY0sU