Во самото предвечерје на Втората светска војна во Берлин повеќе никој не верувал дека нацистите ќе извојуваат победа. За тоа време длабоко во темницата на својот бункер се криел Адолф Хитлер кој судејќи според авторите на книгата: “Сивиот волк: Бегството на Адолф Хитлер“, го чекал моментот да побегне од Германија.
Кога Фирерот станал свесен за поразот и фактот дека неговата силна армија е само спомен од минатото, разгледал други три опции.
Би можел да си дозволи да падне во рацете на Русите, но тоа понижување би било незамисливо. Би можел да се убие, но кој би го заменил тогаш? Четвртиот рајх би можел сериозно да се развие, и кој тогаш би го водел? Му останува само една опција – бегство!
Хајнрих Мулер испланирал се, до најмали детали. Дури смислил какво одело ќе носи Ева Браун и Хитлер додека поминуваат покрај своите мртви дублери.
Кога дошло времето, Хитлер постапил според планот, заедно со Ева и нејзиниот зет Херман успеале да стигнат до центарот на Берлин каде ги чекал авион со кој најпрво слетале во Данска, па во Шпанија каде генерал Франко го снабдил се неопходните документи од каде го продолжил својот пат за Канарските острови.
Од таму Фирерот со подморница патува за Аргентина каде останал до крајот на својот живот. Иако неговите соништа за Четвртиот рајх останале неостварени, успеал да проживее мирен живот покрај сопругата и двете ќерки.
Починал после 17 години криење, на 13 фебруари 1962 година на 73 годишна возраст.