Храна која изгледа како дел од телото и е добра за истиот

popara27 март, 20132min00
14

Пронајдовме 10 типови на храна кои изгледаат многу слично како некои делови од телото, а всушност се и добри за истите. Дали е тоа случајно? Можеби.

1.     Морков – Око

Пресечете парче морков и ќе забележите дека личи на око и има шема на линии кои изгледаат исто како зеницата и ирисот. Приказната на бабите е навистина точна: јадете моркови и ќе имате здрави очи. Тие се полни со витамини и антиоксиданси како бета-каротен, со што се добри за видот.

2.     Орев – Мозок

Наборите и линиите на оревот навистина наликуваат на човечкиот мозок. Обликот на оревот изгледа исто како мозокот, кој има лева и десна хемисфера. Оревите имаат големо количество на омега-3 масни киселини, кои ја поддржуваат функцијата на мозокот.

3.     Целер – Коски

Долгото стебло на целерот изгледа исто како коските – и исто така е добар за нив. Целерот е одличен извор на силикон, кој е дел од молекуларната структура која им дава сила на коските. Уште една случајност: Коските се 23 отсто натриум, исто како и целерот.

4.     Авокадо – Матка

Формата на авокадото изгледа како матката, а исто така го поддржува репродуктивното здравје. Авокадото е добар извор на фолна киселина, која го намалува ризикот за дисплазија на грлото на матката, што претставува претканцерогена состојба.

5.     Школки – Тестиси

Истражувањата покажаа дека школките, кои се слични на тестисите, се всушност добри за машките полови органи. Надополнувањето на исхраната со фолна киселина и цинк – со кои школките се навистина богати – може да има значителен ефект врз подобрувањето на квалитетот на спермата кај мажите.

6.     Грејпфрут – Гради

Сличноста меѓу округлите агруми – како лимони и грејпфрут – и градите, може да е повеќе од случајна. Грејпфрутот содржи супстанци наречени лимоноиди, кои се покажаа како добри за спречување на развојот на рак кај лабораториски животни и во ќелиите на градите.

7.     Домат – Срце

Погледнете го пресекот на доматот и ќе забележите дека црвениот зеленчук има повеќе комори кои личат како структурата на срцето. Истражувањата покажале дека ликопенот кој се содржи во доматите го намалува ризикот од срцеви заболувања кај мажите и жените кои ги консумираат. Ако ги измешате со малку маслиново масло или авокадо, тоа ќе ја зголеми апсорпцијата на ликопен во вашето тело за речиси десет пати.

8.     Црвено вино – Крв

Црвеното вино, кое е богато со антиоксиданси и полифеноли, изгледа исто како крв. Кога го пиете, тоа навистина ја штити крвта од деструктивни работи како на пример холестерол, кој може да предизвика срцеви заболувања. Исто така, тоа го намалува згрутчувањето на крвта, кое е поврзано со мозочен удар и болести на срцето.

9.     Ѓумбир – Желудник

Секој кој употребувал ѓумбир додека имал болки во желудникот, ги знае неговите ефекти. Состојката која е одговорна за лутиот мирис и вкус на ѓумбирот е наведена во базата на фитохемикалии кои имаат способност да го спречат гадењето и повраќањето.

10.  Сладок компир – Панкреас

Слаткиот компир има навистина голема сличност со панкреасот, а исто така овозможува здрава функција на органот. Тие се богати со бета-каротен, кој е моќен антиоксиданс и ги штити сите ткива на телото, вклучувајќи го и панкреасот, од оштетувања поврзани со рак или стареење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma