Како што технологијата станува дел од секојдневниот живот, инжењерите од ХТЦ работат на паметен часовник кој што ќе може да фотографира.
Се очекува да биде првиот часовник со андроид систем со вградена камера, уред кој би требало да излезе до крајот на следната година.
Маркетот на “преносната технологија” се очекува во текот на следните години да се зголеми, според аналитичарите од Jupiter Research. Зголемената потреба од преносна технологија е последица од потребата на купувачите.
Тајванскиот производител има жестока борба со конкуренцијата на Apple и Samsung, бидејки и тие компании исто имаат најавано лансирање на слични уреди. Останува да видиме кој прв ке се пробие со смарт часовниците на пазарот.