Мајкрософт беа принудени да се бранат против гласините дека давале подршка во процесот на прислушкување и достап до својот систем за агенции како ЦИА, ФБИ и други.
Според изјавите на Едвард Сноуден и други извори е потврдена соработката помеѓу Микрософт и ЦИА.
Едена од најшокатните вести објавени деновиве во врска со прислушкувањето, е таа за блиската соработка помеѓу Мајкрософт од една страна и тајните служби како ЦИА и ФБИ, при што компанијата овозможила активен пристап на службите до нивниот Аутлук систем како и до Скајдрајв системот кој им припаѓа на истите и служи за складирање на информација.
Како и да е, Мајкрософт официјално го негира сето тоа но сепак признава дека дозволиле пристап до информацијата на своите клиенти кога тоа било побарано од државата и тоа само преку легални процедури дозволени со закон.
Плашејќи се дека ќе ја изгубат довербата на јавноста, Мајкрософт заедно со Гугл и Фејсбук како и други интернет компании – покасно негираат било каква соработка со ЦИА и било каква сугестија за дозволен пристап до нивните бази со информации за потрошувачите.
А еве што вели Сноуден во врска со тоа: “Компаниите како Гугл, Фејсбук, Мајкрософт и други, имаат соработка со ЦИА за непречен и директен проток на информации на сите системи за комуникација“.