
Иако оваа пролет превентивно ги отстрани двете дојки за да се заштити од рак, Анџелина Џоли смета дека нема да живее долго и ќе умре од истата болест како нејзината мајка, Маршелин.
Изворите велат дека актерката е сигурна дека нема да ја доживее 45-та година, а верува дека и остануваат од 3 – 5 години живот, се вели во американските таблоиди. Затоа Анџелина се обидува максимално да го искористи времето што и останува.
Направила листа со цели кои сака да ги постигне до смртта. Џоли прави се за да биде здрава, но верува, со оглед на семејната историја, дека ни двостраната матектомија нема да и го спаси животот. Рекла дека ќе ги отсрани и јајниците, бидејќи тестовите покажале дека има ген кој предизвикува рак.
