И преку бакнеж можеш да “закачиш“ мононуклеоза!

popara28 октомври, 201318min00
11

Ако сте биле изложени на вирусот мононуклеоза како дете нема да се разболите. Но ако не, научете како да ги препознаете симптомите…

Се пренесува и со бакнеж

Епштајн – Баровиот вирус кој во 90% од случаите предизвикува мононуклеоза, најчесто се пренесува како што тврдат лекарите преку бакнеж.

Од заразата до појавата на првите симптоми би можеле да поминат од 4 до 6 седмици, па се поставува прашањето дали има смисла да пресметувате од чија чаша сте пиеле или со кого сте се бакнувале.

Како се лечи?

Не постои волшебна таблета за лечење но можете да му помогнете на телото да се бори против инфекцијата: спијте доволно, пијте многу течности, јадете овошје и зеленчук и храна богата со протеини.

Ако подолго од 7 дена сеуште имате некој од следниве симптоми (висока температура, болки во грлото, омалаксаност или отечени крајници), направете анализа на крвта.

Неколку седмици би можело да се чувствувате лошо и омалаксано, а дури и неколку месеци во поедини случаи. Затоа треба да избегнувате алкохол и напорна физичка активност бидејќи црниот дроб и слезинката се можеби сеуште отечени. А кога ќе оздравите почекајте најмалку 4 седмици пред некого да бакнете.

Foto-ilustracija: Foter/GreenFlames09

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag