Иако бремена, Хурем си фати нов дечко!

popara2 декември, 201318min00
40

Кога дознал дека е бремена и дека не сака да абортира одлучил да ја остави, но популарната турска актерка Мерјем Узерли повеќе не страда по бившиот вереник.

После љубовната катастрофа убавата актерка нашла утеха но и нова љубов, а се работи за водителот Патрис Будибел.

Јавноста за нивната врска се информирала преку социјалните мрежи откако водителот поставил нивни заеднички фотографии на својот профил.

“Драго ни е што повеќе не е затворена дома. Таа е веќе седми месец па затоа избегнува јавни места, кафичи и ресторани и многу добро се чувствува во прегратките на Патрис“ – вели изворот.

Мерјем и Патрис се познаваат веќе подолго време бидејќи и двајцата живеат во Берлин и добро информираните извори тврдат дека токму тој и помогнал да ја надмине кризата откако вереникот ја оставил бремена.

Вереникот Кан после раскинувањето изјавил дека не верува во брак и дека затоа раскинал со убавата актерка.

Merjem Uzerli