Експерименталниот електричен автомобил “Армадило – Т“ кој се преклопува на пола за да се добие повеќе место, е претставен оваа недела во Јужна Кореја.
Автомобилот може да помине 100 км после десет минути полнење на електрична мрежа, а максимална брзина што може да ја постигне е 60км/ч. Кога ќе се паркира задниот дел се преклопува преку предниот и со тоа вкупната должина на автомобилот се смалува на 1,65 метри.
Возачот може да користи програма преку својот мобилен и да го препаркира иако не е во него.
Необичниот мал двосед можеби никогаш нема да доживее сериско производство, но е предвесник на новиот тренд – развој на практични и еколошки возила за урбани простори.
http://www.youtube.com/watch?v=u22eQVuc7y8