На која возраст е најдобро да се роди првото дете?
После 35 години женските репродуктивни функции започнуваат да намалуваат. Тоа е природен процес и лекарите го нарекуваат намалување на овуларните резерви. Со други зборови, со возрастта намалува бројот на јајце клетките кои постојат во телото на жената од самото раѓање. Кога јајце клетките ќе исчезнат сосема, настанува менопауза. Тоа обично се случува после 45 годишна возраст но кај некои жени резервите се трошат побрзо.
Од овие и поради други факти стигнуваме до заклучок дека оптималниот период за прво зачнување е од 20 до 35 години. Но на сите ни е јасно дека вистинскиот момент го избираат пред се двајцата родители. Ако решат да имаат дете после 35 години, ќе треба да направат соодветни медицински тестови на мајката пред зачнувањето, а за време на бременоста да ги следат сите лекарски препораки.
Современите жени долго време не го користат организмот за репродукција и затоа фертилноста започнува да намалува.