
Ќе ви раскажеме една кратка приказна која ќе ви покаже како различно реагираат луѓето на случките во животот…
Таткото подготвил подароци за двајцата синови.
За песимистот избрал електричен воз, а за оптимистот коњски измет.
Кога песимистот го отворил подарокот одма почнал:
– Леле, па возов е електричен, нема да работи кога ќе нема струја.
– Ама работи тој и на батерии – вели таткото.
– И што кога батериите ќе се потрошат, а јас баш се заиграв?
– Ќе купиме резервни батерии – вели таткото.
– А и пругата ќе се искриви…
А што доби ти? – го прашале синот оптимист.
– Јас добив пони, но отишло некаде…
Што мислите, кој е посреќен, песимистот кој никогаш не е задоволен или оптимистот кој се радува и без покритие?