Јелена Голубовиќ
Јелена е актерка и режисер на повеќе театарски парчиња. На јавноста и е позната по конфликтите со пејачката Весна Вукелиќ Венди и неколку цензурирани фотографии кои неодамна се појавија во јавноста.
Сузана Перовиќ
Осумдесетите години на југословенските мажи не им беше сеедно кога ќе се најдеа во близина на Сузана. Во второто продолжение на “Тесна кожа“ долгоногата фолкерка која зрачеше со сексапил беше токму таа – Сузана Перовиќ. Сузана е родена 1962 година.
Александара Џиџа Стојковиќ
Александра има 25 години, соработувала со повеќе бендови, во слободно време свири клавир и компонира.
Катарина Грујиќ
Родена е 1992 во Белград. Се занимава со пеење веќе две години и настапува низ белградските ноќни клубови. Живее со родителите и нејзината сестра. За себе вели дека е комуникативна, друштвена, упорна и секогаш подготвена за акција.
Анастасија Будиќ
Анастасија е родена 1984 година, живее во белград и работи како модел. Таа е првата србинка чија фотографија е објавена на насловната на францускиот Плејбој. Студира право и не крие дека ги зголемила градите и усните.
Светлана Копривица – Мис Светлана
Поп пејачката Светлана Копривица неодамна се најде во центарот на медиумското внимание. Се почна кога во еден весник се појавија слики на кои дотичната госпоѓа на прославата за првиот роденден на една српска телевизиска куќа со славниот Гавриловиќ ја демонстрираше сцената од култниот филм dirty dancing, па од тогаш е чест гостин во разни забавни радио и ТВ емисии.
Сара Трајановиќ
Сара во 2008 година учествуваше во изборот за мис Белград каде беше избрана за прва придружничка. Работи како манекенка, има учествувано во повеќе избори за убавина и во странство и бележи добри резултати.
Милица Остојиќ – Милица Трофтаљка
Родена е 1943 година, а музичката кариера ја започнала во 1968 година во селото Миличевци. Во Ниш снимила деби сингл со песната Даворике дајке која стана голем хит и повеќе пати е препеана. Трофтаљка го добила надимакот по истоимената песна па покасно и станува и уметничко име.
Нела Бијаниќ
Родена е 1970 година во Смедерево, каде и пораснала. Зад себе има над десет албуми. Позната е по своите провокативни настапи, а кариерата почнала да ја гради уште од 15 години. И предвидувале сјајна кариера, меѓутоа таа решила да се тргне од шоу бизнисот, но пред неколку години повторно се враќа на музиката.
Симонида Хопа – Цупа
Девојкава стана позната после јутјуб хитот Хопа-Цупа кој има над пола милион прегледи. За себе вели дека сака да пее, да танцува, но и да молзе, да копа, а умее и да се кара. Со неа ќе биде забавно!
Јелена Јовановиќ
По професија е актерка и пејачка. Се прослави со учеството во Гранд, но многу повеќе со фотографиите објавени во Плејбој. Позната е по своите провокативни настапи.
Дивна Карлеуша
Дивна неколку децении по ред беше еден од омилените гласови на Радио Белград, која имала влијание врз развојот на кариерата на повеќе пејачи, а најмногу секако за својата ќерка Јелена Карлеуша, која денес е нејзина омилена пејачка. Кога не ги чува внучките Атина и Ника, се грижи за своето куче. Утрото го започнува со “Инсомнија“.
Зумрета Миџич – Зузи Зу
Зумрета е пејачка родена во Бих, кариерата ја започнува 1978 година. Таа е дел од основачите на групата Мирзино јато со кои издала два албума.
Романа Паниќ
Романа е родена 1975 година. Првиот настап го имала на 12 годишна возраст, каде освоила награда за најдобар млад дебитант. Во 1993 почнала да пее по ноќни клубови, снима радио џинглови, следната година добива работа во радио каде е водител, спикер и тон мајстор.
Слободан Ѓурковиќ
Роден е 1988 година кој од многу мал се занимава со музика. Слободан е особено комуникативна и забавна личност кој успева да ги води успешно музичката кариера и факултетот. Учествуваше во ѕвездите на Гранд каде покажа на што го научила Ивана Селаков.
Мирослав Пржуљ – Лепи Мича
Мирослав пее српска народна музика, а потекнува од БиХ. Познат е како Лепи Мича. Има пет албуми. Познат е по јавните медиумски конфликти со Шефиф Коњевиќ.
Игор Старовиќ
Игор е поп пејач од Белград. Зад себе има повеќе албуми со многу хитови. Негова голема љубов освен музиката е и археологијата и кошарка.
Марко Ванила
Роден е 1984 година во Хрватска, а пота живее со семејството во Франкфурт каде пораснал и почнал да се занимава со музика. Стекнал репутација како еден од најдобрите DJ-и во Германија.
Един Шкориќ
Роден е во Бихаќ, а пораснал во Загреб. По доаѓањето во Белград игра за Црвена Ѕвезда па преминал во Војводина…Следат договори во Грција, Италија, Шпанија…Одиграл и сезона во Иран. Долгогодишен репрезентативец. Од Европското првенство во Чешка има златен медал.
Данимир Вајс
Раперот Вајс има бројни хитови во минатото, после што следи пауза од 20 години, а сега се појавува како учесник во Фарма.
Марко Вукотиќ
Марко е познат црногорски манекен кој се прослави во спотот на Ана Николиќ и Николиа Змијанац – Милион долари. Покрај работата како манекен се занимава и како фитнес инструктор.
Борис Стаменковиќ
Борис работи како манекен, има 25 години, студира стоматологија и е при крај со факултетот. Се прослави со учеството во спотот на Милица Тодоровиќ за песната Нема назад.
Иван Маринковиќ
Иван во медиумите стана интересен како сега веќе бивш сопруг на Гоца Тржан. Иван во Белград има свој локал и се занимава со приватен бизнис.
Чупо Калач
Пејач и пријател на Екрем Јевриќ. Стана популарен откако се тепаше и караше со Екрем за иста жена – Весна Вукелиќ Венди. Со Екрем има и неколку дуети.
Драган Крстиќ Црни
Драган е пејач кој потекнува од Нови Сад, а со музика се занимава уште како дете. Сега живее во Белград, а професионалната кариера ја започнал 1999 година издавајќи албум за Гранд продукција.