Исповедите на социјалните мрежи се добродојдени за сите оние кои сакаат анонимно да ја споделат својата реалност и животна приказна со јавноста. Исповедот на еден пензионер растажи многумина, но поважно е што ги натера да размислат… Овој 60 годишен човек ја отворил својата душа и посакал уште еднаш да се врати во младоста…
“Следната година во март ќе полнам 60 години. Во срцето сум млад, но силата станува се помала…Незнам дали вака почнува вистинската старост?
Синовите ги оженив пред неколку години, имам внучиња, со сопругата добро се согласувам, но таа проклета омалаксаност не ме напушта.
Уморен сум од се, кога ќе се погледнам во огледало ми се плаче. Луѓе мои, каде исчезна она црно згодно момче?
Остана само побелен стар чичко, понизок за 5 сантиметри, избрчкан, подгрбавен. Весници избегнувам да читам, кога и да отворам ќе најдам на тие страни слика на некој мој пријател или познат.
Еее…само да можам барем уште еднаш, за миг да се вратам во школскиот двор, да заиграм баскет со Столе, Виктор, Главоња, Бурек, Клемпо, Шики и јас…Но не вреди. Главоња и Столе веќе ги нема…Виктор едвај оди од реума, Бурек едвај врзува крај со крај…Дај ми Господе уште еднаш да заиграме, а да не гледаат Милица, Јоцка и Душица…
*И драги мои? Вреди ли животот да го трошиме на неважни работи и квази проблемчиња? Да создадаме колку можеме прекрасни сеќавања кои ќе ни бидат мала утеха во староста…