После жестоките караници и препукувања во медиумите, Анастасија Будиќ и Сораја конечно сватиле дека заедно се појаки, па убаво седнале, испиле пијалок, и се смириле, како никогаш да не се карале.
Кавгата помеѓу двете старлети започна минатата година кога јавно се расправаа која од нив двете има поголеми шанси да стане Плејбој зајачица, која прва ќе го запознае Хју Хефнер, а потоа Анастасија изјави дека не ја познава Сораја, иако заедно имаат заеднички провокативни едиторијали…
– – Точно е, се смиривме. Сите несогласувања сега се зад нас. Ги закопавме воените секири. Заедно сме појаки – рекла Анастасија, а тоа го потврдила и Сораја која додава дека и претходно биле другарки, а сега многу повеќе.