Многу производи имаат секундарна примена, која колку и необично да изгледа, сепак делува. Тоа е случај и со овој крем, кој ќе ви помогне да ги избришете темните кругови под очите.
Мала количина од кремот нанесете под очите и масирајте многу нежно додека не се упие. Доколку тоа го правите пред спиење, би било добро врз очите да ставите маска за спиење со цел кремот да не се избрише во текот на ноќта.
Постапката правете ја два пати дневно. Најдобро е наутро и навечер и тоа секој ден редовно додека не се добие посакуваниот ефект.
Значајно подобрување ќе забележите после првата седмица.