
Кинезот е јавно посрамотен бидејќи целиот прилог бил емитуван по телевизија. Сигурни сме дека гадно се покајал што не го врзал појасот во автомобилот.
Всушност, прво го сопрела полиција, а потоа го уловила и сопругата во друштво на млада дама која очигледно не му била само колешка. За да биде уште полошо, човекот е јавно посрамотен бидејќи се било емитувано по телевизија како дел од полициска програма за едукација на возачите.
Камерите го регистрирале неговиот телефонски разговор со сопругата која тргнала на местото на настанот за да го спаси саканиот од проблеми со законот, бидејќи со себе немал возачка дозвола па ја замолил да му ја донесе.
Ви го цитираме разговорот:
Таа: Зарем не рече дека до касно ќе се задржиш на состанок?
Тој: Излезе нешто непредвидено, ќе ти објаснам покасно.
Таа: Со кого беше?
Тој: Со колега од работа.
Таа: Каде е сега?
Тој: Си замина.
Таа: Со колега или колешка?
Тој: Со колега. Ајде, ќе разговараме покасно.
Сопругата не стигнала на време да го види “колегата“, бидејќи колешката во меѓувреме си заминала, но можеме да претпоставиме што се случувало кога останале сами во четири ѕида и откако ја виделе целата емисија прикажана нешто подоцна.