Москва – Манијакот и претходно го малтретирал своето семејство. Михаил Федорченко од Москва брутално ја претепал својата 8 годишна ќерка Ирина, а потоа ја фрлил од прозор, од петти кат.
Девојчето преживеало благодарение на соседите кои ја нашле на време и ја однеле во болница, каде е констатирано дека се здобила со тешки скршеници на екстремитетите и потрес на мозокот.
Таткото на Ирина кобниот ден без причина строго и заповедал да влезе во својата соба со него, а потоа сурово почнал да ја тепа. Неколку пати силно ја удрил по глава од што несреќното дете почнало обилно да крвари. После тоа ја извлечкал до отворениот прозорец од каде ја фрлил.